Енергетика
Божиновска: МЕПСО ќе биде под Енергетика, ЕСМ под Владата
20.01.2025 09:42
Фокусот е на обезбедување електрична енергија за граѓаните во овој зимски период. Воедно, се прават стратегии, и краткорочни и долгорочни...

МЕПСО ќе оди под капата на Министерството за енергетика, ЕСМ ќе остане под владата. Се подготвува нов закон за енергетика. Фокусот е на обезбедување електрична енергија за граѓаните во овој зимски период. Воедно, се прават стратегии, и краткорочни и долгорочни. Првите се насочени кон РЕК Битола, на снабдувањето со јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети.
Министерката Божиновска во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека очекува да има судска разрешница за сите случаи за кои постои сомнеж за неправилности, откако Обвинителството откри дека се водат шест предистраги.
