КОЛУМБИЈА

Повеќе од 80 луѓе се убиени по неуспехот на мировните преговори во Колумбија

20.01.2025 09:43

Десетици се повредени во насилствата додека колумбиската армија се обидуваше да ги евакуира граѓаните од стратешкиот регион богат со листови кока во близина на границата со Венецуела...

Повеќе од 80 луѓе се убиени во североисточниот дел на Колумбија викендов по неуспешните обиди на владата да одржи мировни преговори со Националната ослободителна армија.

Десетици се повредени во насилствата додека колумбиската армија се обидуваше да ги евакуира граѓаните од стратешкиот регион богат со листови кока во близина на границата со Венецуела.

Бранот насилство се случува откако државните власти на Колумбија ги прекинаа преговорите со Националната ослободителна армија по втор пат за помалку од една година.