Србија

Продолжува штрајкот во Србија

20.01.2025 11:36

Масовните демонстрации во соседството се одржуваат со недели по уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад...

Дел од училиштата во Србија го бојкотираат стартот на второто полугодие. Една од причините е поддршката на студентските протести и барања.

Масовните демонстрации во соседството се одржуваат со недели по уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Во несреќата загинаа 15 лица.