САД
Нови ветрови и закани од пожари во Калифорнија
21.01.2025 08:44
Издадени се предупредувања за опасност за делови од Лос Анџелес, Вентура и Сан Диего...

Ветровите и сушните услови се вратија во Јужна Калифорнија зголемувајќи го ризикот од нови шумски пожари.
Издадени се предупредувања за опасност за делови од Лос Анџелес, Вентура и Сан Диего. Пожарникарите веќе локализираа неколку помали пожари поради кои беа евакуирани жителите во округот на Сан Диего откако огнот се приближи до нивните домови.
Во областа на Лос Анџелес и натаму трае борбата со двата големи пожари кои почнаа пред две недели.
