Десет лица загинаа и 32 се повредени во пожар во ски-центар во Турција
Пожарот, кој избувна околу 3:30 часот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, еден од најголемите турски скијачки центри на надморска височина од 2.200 метри, брзо се проширил поради дрвената надворешност на хотелот...

Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи.
Пожарот, кој избувна околу 3:30 часот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, еден од најголемите турски скијачки центри на надморска височина од 2.200 метри, брзо се проширил поради дрвената надворешност на хотелот, јавуваат турските медиуми.
Во моментот на пожарот дванаесеткатницата беше полна речиси 90 проценти, со оглед на тоа што скијачката сезона е во полн ек, што значи дека во хотелот биле регистрирани повеќе од 200 гости.
