Кис противничка на Сабаленка во финалето на Австралија Опен
Во финалето на Грн слемот во Мелбурн Кис ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која во полуфиналето ја совлада Шпанката Паула Бадоса – 6:4, 6:2.
Американската тенисерка Медисон Кис попладнево ја победи Полјачката Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен.
Во меч што траеше 2 часа и 37 минути Кис славеше со 2:1, по сетови 5:7, 6:1, 7:6 (10:8).
Во финалето на Грн слемот во Мелбурн Кис ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која во полуфиналето ја совлада Шпанката Паула Бадоса – 6:4, 6:2.
Дваесет и деветгодишната Американка за прв пат во кариерата стигна до финалето на Австралија опен. Претходно таа стигна само до полуфинале во Мелбурн. Кис играше и финале на Грен слемот УС Опен губејќи од Слоун Стивенс во 2017 година.
Финалето на Австралија Опен 2025 е закажано за в сабота.