Ѓоковиќ се повлече од Австралија опен
24.01.2025 10:44
Натпреварот траеше само час и 21 минута, а Србинот реши да не продолжува за да не ја искомплицира состојбата.
Освојувачот на 24 гренд слем титули Новак Ѓоковиќ се повлече во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Германецот Александар Зверев со 6:7 (5).
Натпреварот траеше само час и 21 минута, а Србинот реши да не продолжува за да не ја искомплицира состојбата. Тој имаше болки на мечот против Карлос Алкараз во четвртфиналето и доби лекарска помош, а не тренираше ден пред полуфиналето.
Така, Србинот беше елиминиран само по втор пат во полуфиналето на турнирот по минатата година, кога во оваа фаза загуби од Јаник Синер. Тој нема да игра за рекордна 11-та титула во Мелбурн и вкупно 25 Гренд слем титули.