Аерозагадување

Денеска во Струмица протест против загадениот воздух

01.02.2025 09:52

Граѓаните ќе пешачат од институција до институција, за правото да дишат чист воздух...

Денеска во Струмица протест против загадениот воздух. Организаторите велат дека е важно да се покаже единство и да се направи притисок.

Граѓаните ќе пешачат од институција до институција, за правото да дишат чист воздух. Поддршка на протестот и од Општина Струмица.

Активистите ќе достават конкретни барања до локалната и централната власт, со кои ќе бараат да се најдат функционални решенија за намалување на загадувањето.

Во Собранието пак, СДСМ и Левица иницираа надзорна расправа за заштита на животната средина. Поддршка добија и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ!