Симулациска вежба на МВР на автопатот Петровец – Скопје кај клучка Кадино
Автобусот и комбето зад мене на автопатот кај клучката Кадино се неми сведоци за сообраќајната несреќа која утринава се случи на ова место. За среќа ова беше симулациска вежба организирана од Министерството за внатрешни работи преку којашто ќе се видат недостатоците во целиот систем и кај институциите.

Автобусот и комбето зад мене на автопатот кај клучката Кадино се неми сведоци за сообраќајната несреќа која утринава се случи на ова место.
За среќа ова беше симулациска вежба организирана од Министерството за внатрешни работи преку којашто ќе се видат недостатоците во целиот систем и кај институциите.
Група мигранти кои се превезувале во комбе додека бегале од полицијата, предизвикале сообраќајна несреќа удирајќи се во автобус на автопатот Петровец, кај клучката Кадино. Полицијата први пристигнаа. За 7 минути беа на местото на настанот, а по нив брзата помош за 14 минути.
Интервенираше и противпожарната служба и хеликоптер на МВР.
Освен чинителите како статисти и екипата на МВР никој не бил информиран дека сето ова е вежба. Со ова сценарио и Тријажниот центар, односно Клиничкиот центар, и медицинските установи на тест.
Едно противпожарно возило и пет пожарникари на местото на несреќата. Покажавме дека сме спремни за ваков вид на интервенција но потребно ни е понатамошно доопремување и доекипирање со нови луѓе во единицата. Потребни се и обуки, вели првиот човек во Скопската противпожарната бригада.
Сценарио за оваа симулација се разработувало неколку месеци. По оваа вежба најавуваат од министерството дека ќе се согледаат сите аномалии на системот. Според директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, воочени биле и недостатоци денеска. Најави дека сè тоа ќе се сумира и ќе имаат комплетна слика што е она каде што системот потфрла.
Ана Јосифовска
