Потребни се нови стратегии за решавање на проблемите во сообраќајот
Урбаните средини забрзано растат, бројот на возила постојано се зголемува, сообраќајниците проектирани во минатото не можат да го издржат зголемениот обем на моторни возила и пешаци, но и малиот број паркинг места, што доведува и до зголемен број на сообраќајни несреќи. Како до безбедни сообраќајници...

Една од причините за честите сообраќајни несреќи, во поголемите градови се сообраќајниците кои се проектирани во минатото, наменети за помалку возила. Урбаните средини забрзано растат и се пренаселени, обемот на возила е зголемен повеќекратно. Потребни се нови современи стратегии за решавање на проблемите. Но и имплементација на веќе постоечките.
Покрај зголемениот обем на возила низ улиците, потребно е поголема сообраќајна култура, но истовремено и повеќе казни од полицијата, велат дел од граѓаните, други пак сметаат дека проблемот лежи во судството и несанкционирањето на прекршителите.
Во државава изработена и стратегија и мапирање на сите црни точки, но кои се следните чекори што ќе се преземат во врска со овој проблем останува времето да покаже, вели проф. Д-р. Верица Данчевска од Технички факултет.
Според статистиките на МВР во 2024 година во сообраќајни несреќи жртви биле 853 пешаци, 2014 од нив завршиле со тешки телесни повреди, а 24 го загубиле својот живот.
Александра Максимовска
