Израел продолжи со нападите на Газа, и покрај договореното примирје

01.08.2014 11:57

Само неколку часа по почетокот на 72-часовното примирје израелските тенкови отвориле артилериски оган врз јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за внатрешни работи, додека лекарите соопштија за осуммина загинати.
 
Лекар од блиската болница „Абу Јусеф ал-Наџар“ не изнесувајќи детали за идентитетот на загинатите, рече дека тие настрадале во бомбардирањето источно од градот Рафа, на југот од Газа, пренесоа француските медиуми.
 
Хуманитарниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас почна утринава во осум часот по локално време и ќе трае 72 часа. Договорот за примирје синоќа го соопштија САД и Обединетите нации.