Нов повик за проекти во општините
Втор повик за користење пари од унгарскиот кредит за општините. Во локалните самоуправи ќе се финансираат капитални проекти во вредност од 15 милијарди денари.

15 милијарди денари за капитални инвестиции во локалната инфраструктура од унгарскиот заем ќе им бидат на располагање на општините. Со вториот повик, критериумите за учество ќе бидат олеснети во делот на рокот за поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка. Парите ќе се даваат по глава на жител на резидентно население во секоја општина, посочи министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
На претходниот повик, 78 општини добија пари за 288 проекти со вкупна вредност од над 73 милиони евра. 251 проект се со склучен договор или се во завршна фаза за избор на изведувач, педесетина се реализираат на терен.
Игор Панов
