Здравство

Клиниката „Козле“ со нова директорка

04.02.2025 19:30

Министерот за здравство Таравари го потпиша решението – за разрешување на Каролина Симоновска од директорската позиција на „Козле“. Таа претходно им забрани на медиумите да го користат нејзиното име иако извршуваше јавна функција.

Професорката Катерина Бошковска која повеќе од 20 години е дел од тимот на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е нова директорка на оваа установа. За смената во менаџментот информираа од ресорот здравство. Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија, професор на медицинскиот факултет, а има објавено и голем број научни трудови.

Во кусото соопштение од Министерството за здравство не се елаборирани причините за смената на в.д. директорката Каролина

Превирањата во „Козле“ кулминираа откако Симоновска и врачи отказ на колешка која е лекар со долгогодишно искуство. На ова се спротивстави лекарскиот колегиум и побара нејзино разрешување. Образложението на Симоновска беше дека лекарката не смеела да присуствува во салата за операции за време на интервенција, додека пак лекарскиот колегиум кој застана во одбрана на колешката посочи дека таа неправедно е избркана од работа бидејќи и самата операција била во нејзин домен.

 

Анита Димитријевска Велковска