Јавен повик за реализација на копродукциски проекти
30.05.2014 15:43
ЈАВЕН ПОВИК
Почитувани,
Македонска радио телевизија објавува Јавен повик до сите продукциски куќи и поединци од Република Македонија за реализација на копродукциски проекти – играна телевизиска програма и тоа: телевизиски филмови, анимирани филмови, серии и серијали, монодрами и драми, театарски претстави, комедија на ситуации и теленовели.
На Јавниот повик може да се пријават продукциските куќи коишто располагаат со сопствени технички ресурси и треба да ги поседуваат следните минимални технички карактеристики на камера:
-35mm сензор
-Динамички опсег минимум 14
-Надворешно снимање на посебен медиум минимум 12bit raw 2K
-PL mount за филмски објективи
-Објективи-Употреба на филмски објективи
-Резолуција на снимање-Минималната резолуција на снимање на проектите мора да биде 2880 x 1620 pixels
Сите заинтересирани продукциски куќи и поединци своите предлози за проекти да ги достават по електронски пат на следнава имеил адреса [email protected]
Со почит,
Македонска радио телевизија
