ЈП Водовод и канализација – Скопје

Без вода дел од корисниците на ул. „Максим Горки“

06.02.2025 08:15

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Максим Горки“ во Центар...

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Максим Горки“ во Центар.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улична цевка од ф 200 мм на ул. „Максим Горки“ бр. 13.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.