Македонија

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

07.02.2025 12:35

Осум години ги помина зад решетки. 54 годишниот Игор починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу починал...

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.

Осум години ги помина зад решетки. 54 годишниот Игор починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу починал.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.