Протест на СОНК, професорите го прекинаа штрајкот со глад
По протестот со писмено соопштение СОНК и тројцата професоти од штипскиот универзитет кои штрајкуваа со глад најавија дека како гест на добра воља и за да го тргнат сомнежот за друга заднина штрајкот со глад го ставаат во мирување...
СОНК одржа предупредувачки протест пред Министерството за образование во знак на поддршка на професорите кои штрајкуваат со глад.
„Самиот мину 5 до 12 ни вели многу. Ова е на најлегален на демократски начин, мирни протести против нерешавање на горлив проблем“, вели еден од членовите на СОНК.
Проректорот за настава на штипскиот универзитет Емилија Јаневиќ со порака до своите колеги. Вели дека перото и разумот што интелектуалната елита го има во нивната матична установа во државата и во универзитетот на овој начин со штрајк остануваат непокажани.
„Штрајкувањето со глад е препознатливо во барањата на други права, а не да се биде или не квалитетен универзитетски професор“, вели Емилија Јаневиќ, проректор за настава на штипскиот универзитет.
Од штипскиот универзитет велат дека дека постапката за избор на професорите на Економскиот факултет е во тек и дека наредната недела по завршувањето на роковите за објавување на рецензијата ќе треба да се произнесе наставно-научниот совет на економскиот факултет.
„Уште еднаш ги замолуваме колегите да се воздржат од овој краен чекор кој го преземаа и да имаат поголема доверба во праведноста и професионалноста во работењето на универзитетот. Ве уверуваме дека академските начела на дијалог и мирно решавање на спорови се длабоко втемелени во нашиот универзитет“, велат од штипскиот универзитет.
По протестот со писмено соопштение СОНК и тројцата професоти од штипскиот универзитет кои штрајкуваа со глад најавија дека како гест на добра воља и за да го тргнат сомнежот за друга заднина штрајкот со глад го ставаат во мирување.
Универзитетот Гоце Делчев ги повика професорите кои штрајкуваат до Ректорската управа да достават извештај, писмена документација, а истата да ја стават на увид на јавноста со којашто ќе потврдат дека ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори, предвидени со член 125 од Законот за високо образование.
Ана Јосифоска Тодоровска