Седница на Советот на јавни обвинители, отфрлена жалбата на Цветановски
Отфрлена жалбата на вишиот јавен обвинител Јован Цветановски против државниот обвинител Коцевски. Цветаноски вели дека не ја добил одлуката, но вели разочаран е од постапката на Советот на јавни обвинители...

Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли жалбата на вишиот јавен обвинител Јован Цветановски против државниот обвинител Коцевски. Секој од осумте обвинители со свои аргументи образложил зошто не го поддржува колегата Цветановски во оваа фаза кога спрема него се води дисциплинска постапка, изјави за МТВ претседателката на советот Димитриеска.
Цветаноски не ја добил одлуката, но вели разочаран е од постапките на советот кој го премолчил целиот период и воопшто сериозно не се позанимавале со заканите кон него кои довеле до оваа ситуација. Цветаноски вели дека основите по кои се гони се само таксативно наброени. Меѓу четирите предмети за кој се обвинува дека ги повлекол обвиненијата или се откажал е и оној за поштенска банка, за кој тој вели дека обвинителот ја водел без докази.
Цветановски поднесе и кривични пријави против Коцевски и други колеги и очекува да дадат нова светлина на случајот. Тој вели верува во институциите дека ќе донесат праведна одлука.
Фиљана Кока