Пратениците од власта поднесоа интерпелација за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието
ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на 5-те членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието. Побарана поддршка од сите опозициски партии...

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на 5-те членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието. Побарана поддршка од сите опозициски партии. Неодамна владејачкото мнозинство не го прифати извештајот за работата на Судски за 2023. Европската Унија и јавноста постојано укажуваат на сериозни недостатоци во неговата работа во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски. Очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.
Од СДСМ велат дека за почнување реформи во правосудството, потребно е да се формира натпартиско тело. Едноставно разрешување членови не е решение, треба да се подготви национален план за надминување на судската криза, став на социјалдемократите. Не може причината да стане решение за состојбата во правосудството, смета премиерот Мицкоски. Побара сите кои сметаат дека се потребни коренити промени во судството, да ја поддржат иницијативата на парламентарното мнозинство.
Според претседателот на Судскиот совет Камбовски, разрешувањето на членовите треба да биде во законски рамки, но разбира и дека има незадоволство од работата на некои членови на телото. Власта најавува промени и во Советот на јавни обвинители, но како што велат од „Илинденска“, со реформите во правосудството ќе се оди чекор по чекор.
Милчо Велески