Високи цени

Нов бојкот на маркетите, надлежните најавуваат мерки

07.02.2025 16:12

Денеска нов бојкот на маркетите. Минатиот петок прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Надлежните најавуваат мерки против поскапувањата…

Полупразни маркети, отсуството на редици на касите. Ваква беше сликата за вториот по ред најавен бојкот на маркетите поради високите цени.

Минатиот петок по бојкотот, прометот во маркетите беше намален за речиси 50%. Едни се надеваат на уште подобар исход, други пак, не се големи оптимисти дека бојкотот ќе даде плод.

Од Владата велат дека ги поддржуваат граѓаните, оти трговците си тераат по свое. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вели секој што ги прекршил правилата ќе плати драконска казна.

Од Владата најавуваат мерки. Последниот збор ќе го има Управата за јавни приходи, која ќе ги објави резултатите од направениот промет од овој петок. Бојкот на маркетите денеска има и во земјите од регионот.

Борис Грујоски