Наташа Крстевска Цалева ќе ја врши функцијата шефица на Вишото обвинителство на местото на суспендираниот Хајрулахи
Суспендираниот обвинител Хајрулахи доби замена, Наташа Крстевска Цалева ќе ја врши функцијата шефица на Вишото обвинителство. Ваква одлука едногласно донесоа сите членови на Советот. Тврдат дека била голем професионалец …

Наташа Крстевска Цалева ќе ја врши функцијата шефица на Вишото обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрулахи, одлучија едногласно членовите на Советот. Предлогот на Републичкиот јавен обвинител Коцевски го поддржаа обвинителите како најсоодветен за оваа функција во актуелните состојби во Вишото обвинителство и во време кога Хајрулахи е оддалечен од позицијата. Најдоцна дошла и е со неоспорен интегритет, професионалец пред сè, тврдеа нејзините колеги од Скопското од каде таа дојде во Вишото обвинителство.
Претседателката на Советот не сакаше да се впушта во коментари како би постапиле доколку тие дојдат на дневен ред кај за интерпелација како членовите на Судскиот совет и барањата на премиерот доколку им биде изгласана интерпелација во Собранието да си поднесат оставки како морален чин.
Советот на јавни обвинители неодамна ја потврди одлуката на државниот обвинител Коцевски за дисциплинско гонење на обвинителот Јован Цветановски со што Вишото обвинителство остана со деветмина обвинители.
Фиљана Кока
