Убиецот на Емилија Пешева го призна делото, семејството и обвинителот бараат доживотен затвор
Максимална затворска казна бараат родителите на Емилија Пешева од Штип, која на 1-ви ноември минатата година беше убиена од нејзиниот партнер Фадил Зејнелов. Тој го призна делото. Доживотен затвор побара и обвинителот на денешното судење во Основниот суд во Штип...

Фадил Зејнелов, обвинет за убиството на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, на денешното судење кажа дека се чувствува виновен и го призна делото. Обвинет е за убиство со умисла при вршење на семејно насилство, односно фемицид. Настанот се случи на први ноември минатата година, кога Зејнелов ја усмрти Емилија и сам се пријави во полиција. Родителите на Емилија и обвинителството бараат доживотен затвор.
Максимална казна очекува и адвокатот на родителите.
Мајката изјави дека Емилија долго време трпела насилство од Зејнелов, со кого била во врска.
Пресудата за убиството на Емилија ќе биде објавена во среда.
Славица Величковска
