Атанасоски: Интерпелациите за членовите на Судскиот совет треба да бидат влез во поширока општествена дебата
За да се дојде до независно судство потребно е вклучување на експерти во дебатата, вели аналитичарот Благојче Атанасоски. Петар Арсовски е на став дека интерпелациите се политичка порака до Судскиот совет дека ја изгубил довербата...

Најавените интерпелации за членовите на Судскиот совет коишто ги избира Собранието треба да бидат влез во поширока општествена дебата за реформи во правосудството, смета аналитичарот Благојче Атанасоски. За да се дојде до независно судство ослободено од семејно-непотистички врски, потребно е вклучување на експерти во дебатата вели Атанасоски, но оценува дека овој процес нема да биде брз.
Аналитичарот Петар Арсовски е на став дека интерпелациите се политичка порака до Судскиот совет дека ја изгубил довербата и ќе бидат притисок врз членовите сами да поднесат оставка.
Владејачката коалиција во петокот со 67 потписи побара Собранието да им изгласа недоверба на петмина членови на Советот, а сега тие имаат рок од 10 дена да одговорат на изнесените наводи. Согласно роковите се очекува седницата за интерпелациите да се случи почетокот на март.
Анита Димитријевска – Велковска
