Македонија

Откриени 150 килограми марихуана во камион на ГП Богородица

12.02.2025 15:00

На граничниот премин Богородица во заедничка контрола претставници на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи откриени се 150 килограми марихуана. Таа во земјава влегла од Косово и требало да излезе кај Гевгелија и да заврши на турскиот пазар...

Камион полн со марихуана бил спречен да излезе од Македонија на ГП Богородица на македонско- грчката граница. Претставници на Бирото за јавна безбедност и Царинската управа при детална контрола на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки пронашле и заплениле 150 на марихуана која била скриена во останата стока која се превезувала.

Според првичните информации товарното возило со дрогата во земјава влегло од Косово. Преку Македонија требало да транзитира кон соседна Грција преку ГП Богородица, а крајна дестинација била Турција.

Акцијата на ГП Богородица е резултат на меѓуинституционална соработка помеѓу Царинската управа и Министерството за внатрешни работи. Истата претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства.

Истрагата треба да ги открие сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот на марихуаната која од Косово требало да заврши во Турција.

 

Ване Трајков