Андоновски на средба со Н.Е. Абдула Насер Лоота
На средбата се разговараше за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во којашто г-дин Лоота со својата посветеност ја имаше клучната улога во зајакнувањето на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во рамки на своето учество на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Н.Е. Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.
На средбата се разговараше за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во којашто г-дин Лоота со својата посветеност ја имаше клучната улога во зајакнувањето на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци.
Министерот Андоновски ја истакна заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис. И додаде дека, Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати.
