Македонија

Министерот Перински во посета на Општина Гази Баба

14.02.2025 09:01

Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими ќе ја посетат Општина Гази Баба и ќе одржат средба со градоначалникот Бобан Стефковски и членовите на општинскиот Совет...

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.

Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими ќе ја посетат Општина Гази Баба и ќе одржат средба со градоначалникот Бобан Стефковски и членовите на општинскиот Совет.

Пред почетокот на средбата, планирани се изјави за медиумите на министерот Перински и градоначалникот Стефковски.

Средбата ќе се одржи во просториите на општина Гази Баба.