Тилда Свинтон доби почесна „Златна мечка“ за животно дело
Во својот говор при прифаќањето на наградата, Свинтон го пофали фестивалот како „кралство без граници и без политика на исклучување, прогонство или депортација“, алудирајќи, меѓу другото, на политиката на САД кон нелегалните имигранти, пренесува „Варајети“.

Годинашниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, попознат како Берлинале, беше отворен синоќа со доделување на почесната „Златна мечка“ на шкотската глумица Тилда Свинтон.
Во својот говор при прифаќањето на наградата, Свинтон го пофали фестивалот како „кралство без граници и без политика на исклучување, прогонство или депортација“, алудирајќи, меѓу другото, на политиката на САД кон нелегалните имигранти, пренесува „Варајети“.
По свеченото доделување на „Златната мечка“ за животно дело, во рамки на воннатпреварувачкиот дел беше прикажан новиот филм на германскиот режисер Том Тиквер – „Светлина“.
За време на отворањето на свеченоста, говорниците укажаа на нападот што се случи во јужниот германски град Минхен, кога Авганистанец влета со автомобил во група луѓе и повреди околу 30 лица.
Пред свеченото отворање, неколку актери, како и новата режисерка на Берлинале – Триша Татл, изразија солидарност со израелскиот глумец Давид Куни, кој е заробен од Хамас.
Берлинале веќе има углед на фестивал што поизразено се сосредоточува на политички теми. Така, недалеку од отворањето на фестивалот, и неколку демонстранти протестираа со натписи „Слободна Палестина“.