БИТОЛА

Намален интересот за огрев на дрво

15.02.2025 14:48

Загадува и е скапо, особено ако е влажно, ама крајниот есап го вбројува огревното дрво како најисплатлив начин за затоплување. Битолчани редовно го прекројуваат семејниот буџет, но на крај мораат да изберат меѓу чист воздух и можноста да се греат поеколошки. Пензионерите се со најголема мака, па се водат од старата – ги тегнат нозете колку што им е долга чергата …

И покрај тврдењата на екологисти дека силна причина за загадениот воздух е огревот на дрва, луѓето од трето доба со поинаков став. Негативниот одговор за надоместок за инвертер клима, но и скромната пензија биле причина, пензионерот Кире да му се врати на огревот на дрво.

Топлиот дом, помалата сметка за струја, како и гаранцијата за навремена испорака биле мотив за Нада Паскова пензионер од Битола да запише нови кубици дрва.

Цените за кубик дрво годинава пониски. Но, надежта за почист воздух, ја намали бројката пензионери кои ги користат поволностите за огревно дрво, вели претседателката на пензионери од Битола.

И покрај високата концентрација на загаден воздух, инфлацијата и ниските пензии натераа 300 пензионери да се одлучат за греење на дрво.

 

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска