Здруженијата за заштита на жените бараат измени во Кривичниот законик
Пресудата за доживотна робија за убиецот на Емилија Пешева ќе има ефект на генерална превенција од родово базирано насилство, но потребни се и измени во кривичниот закон – сметаат од невладината ехо. со години се залагаат за кривичен прогон на сторителите на секаков вид насилство, согласно насоките од истанбулската конвенција …

Можеше ли да се спречи оваа трагедија. Ова прашање се отвора после секое убиство, кога стануваат видливи институционалните слабости и пропусти. Ова прашање ги мачи родителите на убиената Емилија Пешева.
Насилникот е пријавуван во повеќе наврати.
Пречка за ефикасен прогон на насилниците е актуелното законско решение, според кое по службена должност кривично се гони само насилник кој нанел тешки телесни повреди на жртвата. Доколку повредите не се тешки, за прогон на насилникот треба согласност од жртвата. Здруженијата за заштита на жените бара измени на Кривичниот закон.
Според правниците, пресудата доживотен затвор за убиецот на Емилија ќе влијае врз генералната превенција од родово базирани насилства.
Славица Величковска
