Украина ќе го „купи“ мирот
Ќе донесат мир или ќе го разгорат огнот пораките со тежина кои пристигнуваат од различни лидери во светот? Мировен договор за Украина и Палестина или сè уште е рано за посакуваната вест?

Украина сепак ќе го купи својот мир бидејќи поддршката за него ќе биде условена со нејзините богати ресурси. Таа има што да понуди во преговорите со Европа и со САД. Но добивањето ресурси како клучно барање се поставува од Трамп, затоа што Европа не е толку засегната за ресурсите туку за европската безбедност, вели за МТВ аналитичарот Александар Илиев кој е експерт по одбранбена политика. Од друга страна на Зеленски тие му се најсилниот адут и ќе го искористи во најповолен момент, смета Илиев.
Според Илиев не само на Европскиот континент, кревкоста на безбедноста е на испит и на Блискиот Исток. Сирија е новиот тест за победата на демократијата. На оваа земја и следуваат најмалку 5 тешки години, не само за воспоставување власт туку една стабилна власт за долготраен мир на блискиот исток.
Илиев е уверен дека и покрај геополитичкиот натпревар кој се одвива во врска со Сирија, клучно е дека кај големите играчи, Европа, САД и Русија постои потреба за наоѓање на мирно решение и затоа се заинтересирани за воспоставување на траен мир.
Фиљана Кока
