Здравство

Забрана за посети во болниците, граѓаните во здравствените установи да носат маски поради зголемениот број случаи на грип

18.02.2025 11:30

Комисијата за заштита од заразни заболувања засега не размислува да препорача дополнителни мерки. Велат дека иако прегледите кај матичните лекари се зголемени, сепак бројот на заболени стагнира, а болничките капацитети не се преоптоварени.

Забрана за посети во болниците, а граѓаните кога одат во здравствените установи да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца – овие препораки веќе се доставени до сите болници и клиники со цел за да се спречи ширење на грипот.

Комисијата за заштита од заразни заболувања засега не размислува да препорача дополнителни мерки. Велат дека иако прегледите кај матичните лекари се зголемени, сепак бројот на заболени стагнира, а болничките капацитети не се преоптоварени.

Потешка клиничка слика грипот создава кај хронично болните пациенти и кај децата.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје последната недела има пријавено 2.880 случаи со грип. Тоа е за пет проценти помалку од претходната недела.

Од почетокот на сезоната во земјава пријавени се 11.600 заболени, регистрирани се и два смртни случаи од Скопје и Свети Николе на 59 и 77 години кои имале и други заболувања.