УХМР
Утрово најстудено на Попова Шапка
19.02.2025 08:57
Најстудено утрово е на Попова Шапка со – 12 степени, снежната покривка е 32 сантиметри...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со – 12 степени, -9 е во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид и Битола, -1 во Скопје, 0 во Велес, Кавадарци, Струмица, а над нулата е само во Демир Капија со 1 и во Гевгелија 2 степена, соопшти УХМР.
Снежната покривка на Попова Шапка е 32 сантиметри, а во Маврови Анови седум.
