Заменик- министерката за транспорт учествува на 4-та глобална конференција за безбедност на патиштата
Овој настан има посебно значење за оценување на напредокот во спроведувањето на Глобалниот план за 2021-2030 и за зајакнување на ангажманот за безбеден и одржлив мобилитет, соопштуваат од Министерството...

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, учествува на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата, која се одржува во Мароко, каде ја претставува Република Северна Македонија. Овој настан има посебно значење за оценување на напредокот во спроведувањето на Глобалниот план за 2021-2030 и за зајакнување на ангажманот за безбеден и одржлив мобилитет, соопштуваат од Министерството.
Во рамките на конференцијата, потпишан е договор за имплементација на овој план, потврдувајќи ја посветеноста за подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите на патиштата на Северна Македонија.
Конференцијата продолжува и во следните денови, каде заменик-министерката има можност да се сретне со министри од целиот свет за да дискутираат за предизвиците и решенијата за побезбеден патен систем.
Таа е посветена на искористување на најдобрите практики и искуства за да ги спроведе во подобрувањето на безбедноста на патиштата во земјата- стои во соопштението.
