Потребни се поголеми вложувања во одбраната
Македонија во последниве години издвојува нешто над 2 процента, и според претседателот на собраниската Комисија за одбрана и поранешен генерал Павле Арсовски, можеме да го зголемиме најмногу до 3 проценти...

Безбедносните предизвици во светот укажуваат на потребата за поголемо вложување во одбраната. Новата американска администрација инсистира европските сојузници и Канада да инвестираат повеќе во сопствената одбрана за да не се потпираат само на САД.
Повеќето земји членки на НАТО веќе имаат воен буџет од најмалку 2 процента од БДП, но Вашингтон смета дека е потребно издвојување од 5 насто. Македонија во последниве години издвојува нешто над 2 процента, и според претседателот на собраниската Комисија за одбрана и поранешен генерал Павле Арсовски, можеме да го зголемиме најмногу до 3 проценти.
И Хрватска смета дека е важно да им се објасни на граѓаните во земјите членки дека безбедноста има цена, па затоа е потребен поголем воен буџет од 2 процента.
Воените аташеа акредитирани во Македонија од земји членки на НАТО, ЕУ и други држави се согласија дека е потребна поголема соработка на воен план и размена на информации за справување со светските кризи.
Ирена Гелевска
