Се подготвува барањето за разрешување на Коцевски
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем...

Министерството за правда го подготвува барањето за разрешување на републичкиот јавен обвинител Коцевски. Тој пак вели дека ќе се повлече, само ако се утврди дека направил тешка дисциплинска повреда.
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем. Запрашана за коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот одблиску.
„Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го следиме“, одговори Агелер.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
