Свет
Рио де Жанеиро зафатен од топлотен бран
20.02.2025 20:52
Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина.
Во Рио де Жанеиро вчера се измерени приближно 40 степени Целзиусови, а во западниот дел на градот регистрирани се 44 степени, што е највисока температура од 2014 година.
Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина.
Претходниот рекорд беше 43,8 степени, измерен во ноември 2023 година.
Градските власти издадоа предупредување за екстремни горештини во наредните денови.
На јавни места се поставени станици за разладување, додека здравствената служба е подготвена да прими зголемен број пациенти со срцеви проблеми.
