Украина

Зеленски: Потребни ни се силни договори со САД

21.02.2025 08:29

Планираната прес-конференција на Зеленски и Келог беше откажана на барање на САД, поради продлабочените политичките тензии меѓу Вашингтон и Киев за тоа како да се стави крај на речиси тригодишната војна со Русија...

Украина е подготвена да работи брзо за да постигне силен договор за инвестиции и безбедност со САД-изјави Зеленски по средбата со американскиот пратеник Келог оценувајќи ја како надеж за успех. Истакна дека за секои два долари инвестирани во долгорочните капацитети на Украина, Русија има загуби од речиси десет долари. Русија мора да ја почувствува цената на војната за вистински да бара мир – додаде Зеленски.

„Потребни ни се силни договори кои ќе функционираат. Дадов инструкции да се работи брзо и на еднаков начин. Важни се деталите. Разговаравме за линиите на фронтот, потребата да се ослободат сите наши затвореници во Русија и важноста на сигурен и јасен систем на безбедносни гаранции за да се осигура дека војната нема да се врати и дека Русите нема да продолжат да уништуваат животи. Мирот е неопходен за сите во светот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Планираната прес-конференција на Зеленски и Келог беше откажана на барање на САД, поради продлабочените политичките тензии меѓу Вашингтон и Киев за тоа како да се стави крај на речиси тригодишната војна со Русија. Од Белата куќа велат дека Трамп „очигледно е многу фрустриран“ од Зеленски.