Потребни се измени на пет закони за да профункционира системот „Безбеден град“
Еден од приоритетите на власта е безбедноста на патиштата. Особено по загинувањето на младата Фросина. Проектот „Безбеден град“ треба да го намали бројот на жртви...

За поголема безбедност во сообраќајот потребни се измени на 5 закони за да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви јануари 2026-та. Казни ќе има за сите учесници во сообраќајот, ако направат прекршок.
„Дел од системот „Безбеден град“ ќе бидат и возила со опремени со паметни камери, кои при движење во рамки на конкретни сообраќајници и улици ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила. И да веднаш истите ќе бидат процесуирани и во рамки на системот врз основа на компјутерска обработка на податоците што ќе бидат внесени во системот“, рече министерот Тошковски.
Со поддршка на УНДП ќе се работи на намалување на бројот на жртвите во сообраќајот.
„Намерата е до 2030 година да се преполови бројот на смртни случаи и повреди од сообраќајни несреќи во светот. Знаеме за големиот број на сообраќајни несреќи во оваа земја, којшто е над европскиот просек, и сакаме да и помогнеме на владата со помош значи на различни чинители како МВР, Министерството за правда, тој просек да биде што поблизок до просекот на ЕУ, односно доста понизок од сегашниот“, рече Григоријан.
Системот „Безбеден град“ ќе стане систем „безбедна држава“ кога ќе се применува на целата територија.
Ирина Гелевска
