Обвинителството со видеоснимки докажуваше движење на обвинетите за свирепото убиство
Со нови докази настапи денеска обвинителката во случајот со двојното убиство. Видеоснимки како доказ за движењето на четворица обвинети, меѓу нив и Палевски за ден пред убиството на велешанецот Панче но и по смртта на младата Вања. На видеото беше прикажано како од возилото се вадат лопати и вреќи за спиење...

Надзорните камери од дворот на куќата во која живеел Велибор Манев ги уловила четворицата обвинети за убиството на Вања и Панче, тврди Обвинителството. Презентираа снимки, направени во периодот од 21 до 29-ти ноември 2023-та година, за кои застапничките на обвинението велат оти докажуваат како Палевски, Кешишев, Видевски и Манев ги подготвуваат убиствата, опремени со радиостаници, ракавици, а носеле и вреќа за спиење и лопати.
На ова реагираше првообвинетиот Љупчо Палевски. Вели – видеата се манипулирани и себе си не се препознава на снимките.
Убиениот Жежовски и Велибор Манев биле соседи и живееле близу еден до друг. Снимките направени пред и по убиството, прикажуваат лица кои се движат од куќата на Манев кон Велес, односно по истата улица на која живеел Жежовски.
Анита Димитријевска – Велковска
