Собрание

Денеска собраниска седница на Комисијата за здравство

27.02.2025 09:29

Комисијата за здравство со единствена точка на дневниот ред Предлог – одлука за одржување Надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за здравство со единствена точка на дневниот ред Предлог – одлука за одржување Надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.

Претходно завчера таква расправа организираше Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на која Татјана Чакулев од „О2 иницијатива“ се осврна на негативните ефекти од аерозагадувањето врз животот и здравјето на луѓето и нагласи дека нашата држава е на самиот врв во Европа.

Соопшти податок дека во 2022 година, како последица од енормно загадениот воздух, 3600 луѓе починале предвреме што, како што рече, е 16 отсто од вкупниот број починати во таа година.