Македонија

Полициска акција во Скопје, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите

27.02.2025 10:04

Засега од МВР нема официјална потврда, но неофицијално, меѓу осомничените се и поранешен директор на затворот Скопје во Шуто Оризари и неговиот заповедник...

Полициска акција во Скопје, дознава МТВ. Според првичните информации, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа.

Засега од МВР нема официјална потврда, но неофицијално, меѓу осомничените се и поранешен директор на затворот Скопје во Шуто Оризари и неговиот заповедник.

Лицата опфатени со оваа акција се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување.