Временска прогноза
Променливо облачно, преку денот повремен локален дожд
28.02.2025 07:59
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
