Македонија

Седница на Советот на јавни обвинители

28.02.2025 08:23

На дневен ред на седницата е разгледување и усвојување на завршната сметка на Советот за 2024 година...

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи својата 19. седница.

На дневен ред на седницата е разгледување и усвојување на завршната сметка на Советот за 2024 година, како и утврдување на бројот на слободни јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства во наредните де години.

Исто така, членовите на Советот ќе расправаат и по молба-барање на јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство.