Собрание

Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија

28.02.2025 08:41

Денеска ќе продолжи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија...

Во Собранието денеска ќе продолжи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

Како што е објавено на собраниската веб-страница, прво ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се одржи втората работна сесија на 23. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија.

Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата.