Мицкоски патува во Турција на средба со Ердоган
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска патува во посета на Република Турција, информира владината прес-служба.
Претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.
Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво, се наведува во соопштението.
