Економија

Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции

28.02.2025 14:46

На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме, напиша премиерот на Фејсбук...

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Со тоа, како што наведува, Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.

На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша! – пишува Мицкоски, кој денеска патува за Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.