Недостиг од градинки во руралните средини
Жителите на руралните општини во Македонија многу често се соочуваат со проблемот од недостиг на детски градинки, при што принудени се да останат дома и да се грижат за своите деца“ притоа скратена им е можноста за вработување, а со тоа и финансиските средства за подобар живот. Таков случај е и со жителите на општина могила, која после 30 година започна со градба на првата детска градинка…

Недостигот од детски градинки во руралните средини, го отежнува животот на младите родители, одговорноста за грижата околу децата сè уште традиционално е доделена на жените. Велат принудени се да останат дома, притоа скратена им е можноста за вклучување на пазарот на трудот, но и за извршување на секојдневните семејни и земјоделски работи …
Во општина могила постојат три центри за ран детски развој, кои згрижуваат предучилишни деца, во времетраење од 2 часа, но тоа не е доволно
Ова е еден од клучните проект во последните 30 години, со кој ќе се намали миграцијата кон урбаните средини, но и ќе се олесни секојдневието на жителите, вели градоначалникот Саботковски
Могила е една од поголемите општини во Пелагонија, со околу пет ипол илјади жители и околу 700 ученици, во трите основни и 20-тина подрачни училишта. Отворањето на оваа градинка ќе биде од големо значење за сите.
Александра Максимовска
