Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери
На 27.02.2025 во Струмица, во кој престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Претходно, пред домот во кој престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога...

На 27.02.2025 во Струмица, во кој престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Претходно, пред домот во кој престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога, соопштија од МВР.
При преглед кај Р.Ј. била пронајдена марихуана, а З.П. побегнал од местото, но подоцна бил пронајден од страна на полициски службеници. Б.П., Р.Ј. и З.П. се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(35) од Струмица. При претрес на неговиот дом во Струмица, извршен со судска наредба, биле пронајдени полиетиленски пакувања и тегла со зелена растителна материја, семки и дигитална вага. Д.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.П.(27) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом во Гевгелија, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, растителна материја, дигитална вага и дробилка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
