МВР

Претрес во Виница, приведен дилер

01.03.2025 18:51

Денеска (01.03.2025) во 01.40 часот во Виница полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница...

Денеска (01.03.2025) во 01.40 часот во Виница полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница, соопшти МВР.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходна судска наредба, пронајдени биле и одземени марихуана, пари и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.