Економија
Пазарните инспектори во контроли на аптеки, бензински, киосци
01.03.2025 14:57
По маркетите и големите трговски синџири, инспекторите во контроли и на аптеките, бензинските, тобаката. Се проверува дали се почитуваат одлуките за цените. Цените забрзано се менуваат…

Пазарните инспектори влегоа во аптеките, бензиските пумпи, тобаката, дуќаните за бела техника. Се проверува дали го почитуваат ограничувањето на бруто-профитната маржа.
Цените се менуваат, уверуваат фармацевтите.
Граѓаните очекуваат поевтинувања.
Инспекциските контроли засилија на терен – за непочитување на владините одлуки, следуваат казни. Непослушноста ќе носи глоби од 500 до 10.000 евра, а во крајни случаи и затворање на објектите до 15 дена, со цел поголема отвореност кон купувачите.
Борис Грујоски
